Најмногу врнежи во Куманово


Фото: Б. Грданоски

 Изминатите 24 часа најмногу врнежи имало во Куманово, 26 литри на метар квадратен, а најмалку во Охрид и Тополчани, еден литар на единица површина.

Како што информира УХМР, водниот талог измерен до 7 часот е 23 литри на метар квадратен во Берово, 17 во Скопје-Петровец и Виница, 12 во Прилеп, 9 во Крива Паланка и Штип, 6 во Пожаране, 5 во Крушево и Ѓуриште, 4 во Велес, 3 во Битола, Гевгелија, Попова Шапка и Пожар-Радовиш, како и 2 литри на метар квадратен во Тетово, Претор, Демир Капија и Струмица.

-Вредностите за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената, наведува Управата.

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, особено попладне. Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време над 15 л/м2), појава на грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе биде во интервал од 12 до 18 степени. Во Скопје променливо облачно со повремен дожд. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе достигне 17 степени.