Најмалку тројца загинати во два руски напада врз Украина


Најмалку три лица загинаа, а 14 се повредени во синоќешните руски напади врз два региона во Украина.

Шефот на регионалната администрација во Полтава, Виталиј Дијакивнич на Телеграм објави дека две лица загинале, а 11 се повредени при рускиот напад, кој предизвика пожари и оштети станбени згради и хотел.

Додека во „масовниот комбиниран напад на руски ракети и дронови“ во Запорожје загина еден човек, а тројца се повредени.