Најмалку шест лица загинаа во судир меѓу миксер за бетон и минибус во Турција


 Најмалку шест лица загинаа денеска во тешка сообраќајна несреќа во која учествувале миксер за бетон и минибус во југозападниот дел на Турција.

Според првичните информации на државната новинска агенција Анадолија, во несреќата што се случила во Бурдур има и неколку повредени лица.

Засега остануваат нејасни причините поради кои двете возила се судриле на патот меѓу Испарта и Анталија.

Службите за итна помош веднаш биле испратени на местото на настанот за да им помогнат на настраданите. /МИА