Трагедија во Нови Сад: 11 жртви од уривањето на настрешницата на железничката станица

Извлечени се осум тела. Четворица се во болница, на еден му е ампутирана ногата. Под урнатините има уште заробени


Уште три жртви по уривањето на настрешницата од Железничката станица во Нови Сад, Србија, објавија попладнево властите, со што бројот на жртви од оваа трагедија се искачи на 11.

Дачиќ: Единаесет жртви откако се урна настрешница на железничката станица во Нови Сад

Претходно, министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ објави дека осум лица загинаа во уривање на дел од Железничката станица во Нови Сад.

Градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ, изјави дека се повредени повеќе од 30 лица. Инаку, под настрешницата имало клупи и на нив во моментот на падот имало голем број граѓани, јавија српските медиуми.

Стариот дел од настрешницата се урна околу 11,50 часот. Брза помош, полиција и противпожарни возила се на терен.

На местото на настанот излегоа највисоките државни функционери, министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ, кој сега ѝ се обраќа на јавноста.

„Ова е еден од најтешките денови во повоената историја на Нови Сад. Тоа е страшна трагедија. Изразувам сочувство до семејствата на жртвите и им се заблагодарувам на сите што помагаат и се борат да се спасат луѓето и да се води натчовечка битка за секој живот“, рече премиерот Милош Вучевиќ.

„Извлечени се осум тела! Четворица се во болница, на еден му е ампутирана ногата. Има и девојка, со неа комуницираме! Имаме контакт со две лица под урнатините, така што тоа што го слушате и што го слушате е работата што се прави за да се извлечат живи. Ќе видиме што уште ќе се најде под урнатините. Сега зборуваме за спасување. Не можам да зборувам за жртвите. Засега спасувачката акција е во тек“, вели Дачиќ.

Објектот на железничката станица беше реконструиран неодамна, а беше свечено отворен на 5 јули годинава.

Изведувач на реконструкцијата на Железничката станица во Нови Сад, чиј дел денеска се урна а, беше кинескиот конзорциум CRIC&CCCC („China Railway International Co.Ltd“ и „China Communications Construction Company Ltd“).