Најмалку 15 луѓе загинаа при лизгање на земјиштето во Индија

Најмалку 15 лица загинаа откако автобус бил затрупан од свлечиште, предизвикано од поројните дождови, во северната индиска држава Химачал Прадеш.
Спасувачите и локалното население на местото на несреќата сè уште трагаат по преживеани. Три деца се спасени од под свлечиштето и се хоспитализирани.
Ненадејните поплави и лизгањата на земјиштето веќе одзедоа десетици животи во Индија во оваа сезона на монсуни.
Монсунските дождови, кои обично траат од јуни до септември, се од витално значење за земјоделската економија на регионот. Сепак, монсуните често предизвикуваат смрт и уништување, особено во еколошки кревките хималајски држави, каде според експертите зголемен е бројот на екстремни временски појави изминатите години. ми/
фото: МИА архива