Најмалку 11 повредени во руски напад со дронови врз Киев

Најмалку 11 лица се повредени синоќа во руски напад со дронови врз Киев, при што неколку станбени згради беа запалени, сопштија воените служби и градската власт.
Меѓу повредените се малолетници на возраст од 14 и 17 години.
Остатоци од соборените дронови кои паѓаа предизвикаа пожари во станбените згради во областите Облонски и Свјатошински, објави началникот на воената администрација во Киев, Тимур Ткаченко, на социјалните мрежи.
Украинската служба за вонредни ситуации напиша на апликацијата Телеграм дека 76 пожарникари во текот на ноќта биле испратени да ги изгаснат запалените згради и автомобили.