Најмалку 10 жртви во масакрот во Цетиње, уште четири лица се борат за живот

Осомничениот Ацо Мартиновиќ ибил неколку членови на своето семејство, а и две деца. Тој сѐ уште е во бегство


Незапаметено злосторсво во Црна Гора

 

Министерот за внатрешни работи на Црна Гора, Данило Шарановиќ, ја објави првата официјална информација по крвавиот пир во Цетиње: загинаа 10 лица, 4 се во болница, а се стеснува кругот околу убиецот кој е во бегство.

Вечерва на прес-конференцијата министерот Шарановиќ рече дека веднаш по сознанието дека се извршени повеќекратни убиства, целата оперативна екипа се упатила кон Цетиње.

„Она што можеме да го кажеме е дека се работи за ситуационен настан на нарушени меѓучовечки односи и дека не е настан што е последица на работата на организиран криминал. Она што можеме да го кажеме е дека ова лице, Ацо Мартиновиќ, кој е осомничен за извршување на ова тешко кривично дело, им ги одзеде животите на најмалку 10 лица, од кои две малолетни“, рече Шарановиќ.

Тој додава дека ги одзел животите и на членовите на неговото семејство.

„Убиени се неколку лица, меѓу кои и сопственикот на ресторанот и одредени членови на неговото семејство, како и членовите на семејството на осомничениот за убиствата“, рече Шарановиќ.

„Веќе апелиравме до граѓаните на главниот град Цетиње додека полицијата не ја доведе работата до крај, односно до апсење, граѓаните да останат дома. Имаме големо присуство на полиција за да ја обезбедиме безбедноста на граѓаните на Цетиње и да спречиме извршување на ново кривично дело“, рече тој.

„Покрај 10-те починати, 4 се во Клиничкиот центар“, рече тој.

Директорот на полицијата Лазар Шќепановиќ изјави дека Ацо Мартиновиќ пиел цел ден.

„Тој отиде дома, зеде пиштол и изврши убиства. После тоа ги одзеде животите на членовите на неговото семејство и на две малолетни деца на возраст од 10 и 13 години“, рече тој.

Шќепановиќ рече дека се ставени на располагање сите капацитети на полицијата.

„Кон ова лице веќе беа преземени одредени мерки и дејствија кога ја најдовме воздушната пушка. Ова лице првостепено е осудено на 3 месеци затвор. Оваа пресуда не е правосилна“, рече тој за неговата претходна биографија.

Убиецот е во бегство.