Најмалку 30 повредени од падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад
Повеќе од 30 лица се повредени при уривање на настрешницата на железничката станица во српскиот град Нови Сад, јавија локалните медиуми.
„Повредени се над 30 луѓе, тоа е последната бројка што ја имаме, а можеби е поголема. Се уште не знаеме дали има загинати, додека не бидеме сигурни дека не можеме да кажеме ништо. Телефоните ни ѕвонат постојано. Родителите се јавуваат да прашаат за децата….Ова е катастрофа. Се трудиме што побрзо и поефикасно да дојдеме до жртвите“, јави Нова.рс повикувајќи се на изјава на извор од Службата за итни случаи во Нови Сад.
Изведувач на реконструкцијата на Железничката станица во Нови Сад, чиј дел денеска се урна а, беше кинескиот конзорциум CRIC&CCCC („China Railway International Co.Ltd“ и „China Communications Construction Company Ltd“).
Објектот беше свечено отворен на 5 јули годинава.
Снимка од падот на настрешницата во Нови Сад: Сѐ се урна во секунда
Страшниот момент на падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад го снимила надзорна камера.
View this post on Instagram
Засилената конструкција од засега неутврдени причини пропаднала, а целиот надвозник долг 50 метри паднал.
Четири багери и осум шлепери во моментов го расчистуваат теренот. На помош доаѓа и механизација од приватни фирми.
Делот од настрешницата што се урна во Нови Сад не беше вклучен во работите за модернизација и реновирање на споменатата станица, туку е дел од зграда изградена пред неколку децении.
На настрешницата што денеска се сруши, пред една година е направена само хидроизолација, а во моментот на неговото паѓање не се вршела никаква работа, ниту била оптоварена со дополнителен товар, неофицијално дознава „Новости“.