Најголемиот нафтовод во САД им плати на хакери пет милиони долари


 

„Колонијал пајплајн“, најголемиот нафтовод во САД, плати речиси пет милиони американски долари на источноевропски хакери, по тешкиот кибернетички напад кој ја исклучи најголемата нафтоводна мрежа во земјата, пренесе Ројтерс, повикувајќи се на Блумберг.

Компанијата, неколку часа по нападот, платила голема откупнина со криптовалута на која не може да ѝ се следи трагата, се наведува во извештајот на Блумберг, кој се повикува на два извора запознати со трансакцијата.

„Колонијал пајплајн“ уште не одговоирл на барањето на Ројтерс за коментар.

Хакерите на операторите на нафтоводот им дале декрипција за да ја поправат компјутерската мрежа откако ги добиле парите, но комапнијата употребила сопствени бекапи за да го поправат системот затоа што алатките на хакерите биле преспори, наведува Блумберг њус.

Поради исклучувањето на нафтоводот во САД снема бензин

Откако главниот американски нафтовод беше шест дена исклучен, а пренесува 100 милиони галони бензин, дизел и гориво за авионите на ден, денеска почна да ги пушта првите милиони галони моторни горива.

Поради немањето горива, затоа што нафтоводот беше исклучен шест дена, од Вирџинија до Флорида беше прогласена вонредна состојба, а две рафинерии мораа да го намалат производството, и влијаеше и на доставата на горива на некои авио-компании.

ФБИ ја обвини тајната криминална банда Дарсајд за кибернаетичкиот напад.

Групата, за која се верува дека е лоцирана во Русија или во источна Европа, не презеде одговорност, но во средата објави дека ги пробила составите на други компании, меѓу кои и технолошка компанија во Илиноис.