Најголемиот енергетски настан во земјата МЕФ21 оваа година ќе се одржи од 12-14 септември

Четвртото издание на најголемиот енергетски настан во земјата, Македонскиот енергетс
Форумот традиционално четврта година по ред, е во организација на ЗИП институтот, Амбасадата на САД во земјата и Владата на Република Северна Македонија.
-Патиштата на Западен Балкан кон енергетската транзиција. Овој историски настан, кој е резултат на воспоставеното трипартитно партнерство од 2018 година помеѓу институтот ЗИП, Владата на Северна Македонија и американската Амбасада во земјата, се обидува да ги собере уште еднаш креаторите на политиките, лидерите на енергетските компании и експерти од оваа област од целиот свет да дискутираат за практични решенија за предизвиците на одржливиот развој и истовремено да го отвори патот за остварливи партнерства на теренот , се вели во соопштението на Институтот ЗИП.
На овој форум, секоја година организаторите, покрај политичките актери во земјава, носат важни панелисти од областа на енергетиката од земјата и светот.
Минатата година, специјален гостин на Форумот беше помошникот државен секретар на САД за енергија и ресурси, Френсис Фенон, а на форумот свои излагања имаа и директорoт на Секретаријатот на енергетската заедница во Виена, Дирк Бушле, шефот за енергетика и инфраструктура на Бирото за Европа и Евроазија Стивен Бернс, Анди Аранитаси, претставник на ЕБОР за Северна Македонија, како и многу други еминентни имиња.