Наградите „Греми“ во сенка на Вил Смит и Крис Рок


 САД- 64-тото доделување на Греми награди ќе се одржи в недела, на 3 април и ќе се одржи во арената MGM Grand Garden во Лас Вегас, а водител, втора година по ред, ќе биде Тревор Ноа втора година по ред.  Силк Соник, славното ретро дуо со Бруно Марс и Андерсон .Паак ќе го отвори настанот,номинирани во четири категории.

Џон Батист води во годинешните номинации со неверојатни 11 номинации – вклучувајќи албум на годината, снимка на годината и најдобар R&B албум. Џастин Бибер, Доџа Кат и Х.Е.Р.  имаат по осум номинации, додека Били Ајлиш и Оливија Родриго ќе се упатат на вечерта на Греми со по седум.

64-тото доделување на Греми наградите ќе се емитува во живо на CBS на 3 април од 20 до 23:30 часот.