Награди САГ- престижниот сребрен килим на холивудските актери (фото)

САД– Во неделата вечерта, телевизиските и филмските ѕвезди номинирани за наградите САГ за 2022, што ги доделува Здружението на филмски актери , газеа по сребрениот килим, покажувајќи ги своите гламурозни комбинации.

Овие награди се сметаат за најпрестижни меѓу актерите бидејќи за нив гласаат 2.500 колеги од фелата, а исто така најчесто се барометар за оскаровците таа година.

Сребрениот килим се одржа во Санта Моника Баркер Хангар. На церемонијата присуствуваа номинираните од филмовите за кои најмногу се зборува оваа сезона на награди како „Куќата на Гучи“, „Моќта на кучето“ и „Кралот Ричард“, како и телевизиски ѕвезди како актерската екипа на „Squid Game“ на Нетфликс.
Листата на добитници тука