Надминат проблемот поврзан со картичните брендови Виза и Мастеркард


Македонската банкарска асоцијација соопшти дека e надминат проблемот поврзан со картичните брендови Виза и Мастеркард (VISA и MasterCard). Од оваа аасоцијација не дадоа подетални информации за причините кои што доведоа до времениот прекин на можноста да се користат картичките.

Инаку претходно, од МБА информираа дека дел од услугите поврзани со картичните брендови VISA и MasterCard се недостапни на банкомат или во трговија.

Исто така соопштија дека причината за проблемот не е поврзана со националните телеком оператори, ниту со поединечните системи на банките.