Над 73 милиони гледачи ја следеле правата тв-дебата Трамп-Бајден


САД – Повеќе од 73 милиони луѓе во САД го следеа првиот круг на предизборните телевизиски дебати меѓу актуелниот претседател Доналд Трамп и кандидатот на демократите Џозеф Бајден. Тоа го покаќуваат податоците на компанијата Ниелсен.

Според компанијата, околу 17,8 милиони Американци ја следеле дебатата на Фокс Њуз, 12,6 милиони на Еј-Би-Си Њуз и 9,7 милиони на Ен-Би-Си. На другите канали имало помала гледаност.

Забележано е дека пресметките не се земени предвид бројните преноси на интернет.

Изборната дебата во 2016 година беше со рекорден број гледачи во историјата на САД. Тогаш конфронтацијата помеѓу Трамп и Хилари Клинтон ја следеа околу 84 милиони луѓе.