Над 1.400 професори застанаа зад студентите што протестираат во Белград
Повеќе од 1.400 професори, соработници и истражувачи на универзитетите во Србија потпишаа петиција за поддршка за студентите кои се во блокада.Тие исто така јавно го осудуваат секој обид на властите да ги заплашат студентите. Професорите, соработниците и истражувачите од универзитетите ширум Србија се обратија до граѓаните со соопштение.
„Ние, професори, соработници и истражувачи универзитети ширум Србија, решително стоиме покрај нашите студенти во заедничката борба за подобро општество. Остро го осудуваме секој обид на властите да ги заплашат нашите колеги со јавно споделување на нивните лични податоци, ширење на невистини за нив, како и испраќање на полициски службеници и агенти на Безбедносно-информативната агенција на нивните адреси и адреси на нивните родители. Овој пат повторно апелираме на надлежните органи да го извршуваат своето работење совесно и одговорно“, се вели во соопштението, кое досега се потпишале повеќе од 1.400 професори, соработници и истражувачи универзитети ширум Србија.
Писмото на поддршка на студентите потпишале повеќе од 500 професори, соработници и истражувачи и од Универзитетот во Нови Сад. Дел од академската заедница на Нови Сад побарал и ректорот на Универзитетот во Нови Сад да поднесе оставка поради урнисување на автономијата на универзитетот.