На зајдисонце во Канео се омажи Викторија Лоба – романтика со гулаби и ружи


Во април 2019 година, Викторија ја прифати понудата за брак од нејзиниот партнер Ѓорѓи. На раката на пејачката заблеска голем дијамантски прстен, но плановите да ја озаконат нивната долгогодишна љубов беа одложени од пандемијата на коронавирусот.

Сега нашата поп-пејачката, една од најубавите на естрадата, Викторија Лоба на својот инстаграм – профил објави прекрасна фотографија од свадбата на која се бакнува со својот долгогодишен партнер, бизнисменот Ѓорѓи Калешов.

 

На зајдисонце, пред црквата „Св. Јован Канео“ во Охрид Лоба заедно со својот партнер се заколнаа на вечна љубов. Лоба изгледа бајковито во прекрасна венчавица со долг вел креација на македонската дизајнерка Моника Коцарева Ергиќ. Косата на пејачката е стилизирана во интересна пунџа во плетенки, а целиот изглед е надополнет со романтичен бидермаер од бели рози.

Покрај заедничката фотографија Лоба објави уште еден романтичен момент од нивната црковна венчавка. Пејачката сподели фотографија од бели гулаби кои седат еден покрај друг, а при тоа овие прекрасни птици се симбол на љубовта, мирот и слободата.

Пред неколку месеци, Татјана Луговаја, мајката на пејачката го кажа судбоносното „да“ исто така во Охрид, во црквата Света Софија.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by ᐯIᑕTOᖇIᗩ ᒪOᗷᗩ 🕊🇲🇰 (@victorialoba)