На тврдина од 5 век во Хрватска ставиле ПВЦ прозорец


На тврдина во Клис, во близина на Сплит, Хрватска, заштитена како културно добро, која се спомнува уште од крајот на римското доба, поставени се ПВЦ прозорци.

На власт во Клис е Јаков Ветма од ХДЗ, кој вели дека срамота е што не знаел ништо сѐ додека не било објавено на Фејсбук.

Ги прозва конзерваторите кои се многу строги за обновување на кучи, но ова некако го превиделе.

„Моја срамота, но да не беше објавата на Фејсбук, не би знаел за овие некадарни прозорци. Главно, се отстрануваат инстант, грдо е, недостојно за просторот и непримерно“, пишува Ветма.

„Не знам кому, при уредувањето на третото обѕидување, му се протнал тој детал, на проектантот, конзерваторите, нам, но знам кому нема да му се протне демонтирањето“, додава тој.