На „Тик-ток“ му се заканува огромна парична казна поради собирање и користење податоци на деца
Социјалната мрежа „Тик-ток“ се соочува со тужба поради собирање и користење податоци на деца, а казната што им се заканува може да изнесува неколку милијарди фунти.
„Тик-ток“ е тужена од поранешната пратеничка за деца во Ангила, Ен Лонгфилд, која застапува милиони деца во велика Британија и во ЕУ, а кои ја користат популарната апликација за делење видео содржини.
Доколку судот одлучи во корист на тужителите, „Тик-ток“ би можел да биде обврзан на секое дете да му исплати илјадници фунти.
Во тужбата се наведува сека „Тик-ток“ собира лични податоци меѓу кои и телефонски броеви, клипови, точна локација и биометриски податоци без доволно предупредувања за корисниците, транспарентност или законски потребна согласност, додека децата и родителите не знаат за што се користат информациите.
Се огласи и „Тик-ток“.
„Приватноста и сигурноста нѝ се најголеми приоритети, имаме правила, процеси и технологија за да ги заштитиме сите корисници, посебно нашите тинејџери.Веруваме дека тужбата е неоснована и жестоко ќе се браниме“, се наведува во соопштението.
Се верува дека „Тик-ток“ денес има повеќе од 800 милиони корисници, а матичната фирма ByteDance заработи милијарди минатата година главно од огласување.