На суд се решава експропријација за да се пушти мостот „Генерал Михајло Апостолски“


Фото: Б. Грданоски

Експропријацијата на куќите и другите објекти кои се наоѓаат на патот што треба мостот „Генерал Михајло Апостолски“ да го поврзе со сегашниот ТЦ „Ист гејт“, не оди така мазно и лесно, како што ветуваше градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Имено, за дел од објектите кои пречат и треба да се урнат, се водат судски постапки.

– За да не се доведеме во ситуација да копнеме на неколку места, а после тоа граѓаните 20 години да поминуваат низ голгота. Е, таква е состојбата на „Генерал Михајло Апостолски“. Или во превод: Владата дала пари за тој проект, почнал да се гради, експропријација – нема помрднување од мртва точка. Има неколку позиции каде што одиме со спогодба, каде што е разумно барањето на оние кои треба да бидат експроприрани таму. Но, има и позиции каде што сме во судски постапки. Конкретно, има едно семејство, каде што со братот е завршена постапката, имаат лепенка, а сметаат во трасата, другиот брат не сака да се согласи со сума која Градот Скопје со проценител ја утврдил… бара драстично поголема, да не речам, двојно. И тука решението е судот и првото рочиште за таму ни е јуни – рече Ѓорѓиевски.

Тој вели дека експропријацијата нема да се заврши веднаш, но важно му е да го направи функционален, како што ветил во предизборието, најпрво со две ленти на излезот од мостот, а ќе продолжат со постапки, кои треба да ги реши судот, од каде ќе добијат сума за решавање на проблемот.

Новиот мост во Аеродром прво ќе води до споредните улици, од 2022 година ќе води до булевар

Мостот беше завршен кон крајот на 2021 година, но од тогаш е затворен, односно по него може да се помине само пеш.

Како што појасни градоначалникто со вакви проблеми се соочиле и за функционалноста на мостот кај „Љубљанска“, од каде добиле согласност од Конзерваторскиот центар, но и на трасата за булеварот „Борис Трајковски“, каде пак, во последниот период се договориле со повеќе фирми, сметени по трасата на последниот дел од овој булевар, за да може тој да се заврши до Драчево.(Б.Б)

 

Арсовска: Мостот во Аеродром ќе служи за ловење риба