На сетот на „Сексот и градот“: Ејдан се враќа во животот на Кери Бредшо
САД– Старата љубов на познатата колумнистка од Њујорк, нејзиниот поранешен свршеник Ејдан е тука на радост на голем број обожаватели.
Ејдан Шо (Џон Корбет) дефинитивно се враќа во животот на Кери Бредшо а новите фотографии од сетот на втората сезона на серијата „And just like that“ го потврдуваат тоа…
На официјалниот Инстаграм профил на серијата, како и на профилот на актерката Сара Џесика Паркер, се појавија фотографии од сетот, каде Кери и Ејдан шетаат фатени за рака.
Обожавателите на култното ТВ шоу „Сексот и градот“ не можеле да се воздржат, а на мрежите не го криеле својето големо воодушевување.

Зверка, сопругот на Кери Бредшо почина во првата сезона, а сега е јасно дека нејзината стара љубов Ејдан се појавува во втората сезона. Последен пат се видоа во вториот филм „Сексот и градот“, а иако и двајцата беа во брак, споделија романтичен бакнеж.
Ејдан за прв пат се појавува во третата сезона на серијата „Сексот и градот“, а неговата средба со Кери прераснува во голема романса која на крајот го остава со скршено срце. По раскинувањето со Кери, тој се ожени со колешката Кети и со неа доби три деца, а втората сезона ќе ја открие состојбата на нивниот брак и каква иднина го чека со Кери.

Пред неколку недели, беа објавени фотографии од сетот на Кери облечена во нејзината венчаница Вивиен Вествуд со зелена тоалета и соодветни долги ракавици каде што требаше да се омажи за Зверка во филмот од 2008 година – предизвикувајќи прашања дали Кери повторно ќе се состанува пред на олтарот. Затоа уште повеќе не заинтригира појавата на Ејдан.
Продуцентот на серијата Мајкл Патрик Кинг објасни зошто Ејдан не се појавил во првата сезона од серијата.
„Чувствувавме дека сето тоа ќе биде премногу за Кери. Првата сезона беше предизвик и сакавме да се фокусираме на нејзиното закрепнување откако Зверка почина и да го следиме нејзиниот пат кон светлината – затоа последната епизода од првата сезона е симболично, наречена „Гледање на светлината“. Ејдан сега многу ќе влијае на развојот на ситуацијата“, коментира тој.