На погребот на Лиза Мари Присли откриено дека нејзината ќерка родила девојче


САД–  Последниот ден од неделата со кој се збогувавме беше еден од најемотивните денови во историјата на Грејсленд Мемфис. Неговата ќерка Лиза Мари, која ненадејно почина од срцев удар на 54-годишна возраст, беше погребана на имотот кој беше дом на кралот на рокенролот Елвис Присли.

Многу членови на семејството и пријатели се собраа во Грејсленд за да ѝ кажат последно збогум на Лиза Мари. Меѓу оние кои зборуваа за време на службата беа мајката на Лиза Мари, актерката Присила Присли; Сара Фергусон, војвотката од Јорк; Џери Шилинг, близок пријател на Елвис; и поранешниот градоначалник на Мемфис А Си Вартон, кој ги нарече родителите на Лиза Мари кралската двојка на Мемфис и „проводник до тронот, чувар на пламенот“.

Били Корган, пејачот на The Smashing Pumpkins, свиреше акустична гитара и ја пееше „To Sheila; Аланис Морисет ја отпеа „Одмор“, Ексл Роуз од Ганс енд Роузес, свиреше на пијано и ја отпеа „Ноемвриски дожд“; и The Blackwood Brothers Quartet изведоа две песни.

И покрај солзите, беа откриени некои добри вести.

 

Каскадерот Бен Смит-Петерсен откри дека тој и ќерката на Лиза Мари, актерката Рајли Кеог, неодамна добиле девојче.

Имено, на последното збогување, Смит-Петерсен прочита писмо од својата сопруга, ѕвездата на филмовите Логан Лаки и Терминал Листа, во кое таа, меѓу другото, и порача на својата мајка: „Ти благодарам што ми покажа дека љубовта е единственото нешто што е важно во овој живот. Се надевам дека ќе ја сакам ќерка ми онака како што ме сакаше мене, како што ги сакаше мојот брат и моите сестри“.
Шест години подоцна добиле потврда од портпаролот на парот дека навистина неодамна добиле ќерка. Како што се дознава, девојчето е родено минатата година, а нејзиното име се уште не е откриено.

Лиза Мари со ќерките и мајката Присила

Бен Смит-Петерсен е австралиски каскадер, а тој и Кеу се запознале на снимањето на „Mad Max: Fury Road“ во 2012 година. Тие се венчаа три години подоцна, а малото девојче кое пристигна во нивниот живот е нивното прво дете, како и првото правнуче на сопругата на Елвис, Присила.

Последниот јавен настап на Лиза Мари беше само два дена пред нејзината смрт, на доделувањето на наградите Златен глобус, каде што дојде да го поддржи Остин Батлер, ѕвездата на филмот за нејзиниот татко. Батлер на крајот доби Златен глобус, а во својот говор му се заблагодари на целото семејство Присли што му ги „отвори срцата, спомените и домот“.

Лиза Мари беше погребана покрај нејзиниот син Бенџамин, кој трагично почина во 2020 година.

Лиза Мари имала 9 години кога нејзиниот татко починал. Таа во тоа време престојуваше во Грејсленд и се сеќаваше дека ја бакнал за добра ноќ неколку часа пред да умре. Кога потоа го видела, следниот ден, тој лежел со лицето надолу во бањата.

По смртта на нејзиниот татко, таа стана единствениот наследник на фондацијата Елвис Присли, која – заедно со Елвис Присли Ентерпрајзс – управуваше со Грејсленд и други средства додека не го продаде својот мнозински удел во 2005 година. 

Претставник на Елвис Присли Ентерпрајзс изјави за Асошиетед прес дека куќата е во наследство на нејзините три ќерки од двата брака.