На кои песни типуваат обложувалниците за Евросонг 2019?

Уште вчера, од четврто успеа да се пробие на второ место, според обложувањата, претставничката на Австралија Кејт Милер Хаидке, но сепак, таа и понатаму далеку од предноста на холанѓанецот Данкан.

На топ 3, останува Шведска со претставникот Џон Лудвик, а по него се швајцарецот Лука Хани и русинот Сергеј Лазарев.
Од регион на поранешна Југославија, вечерва настапуваат претставниците на Словенија и Србија, се разбира покрај нашата претставничка Тамара.

На обложувалниците, до синоќа, најдобро се пласира Невена Божовиќ од Србија која е на 16 место, по неа Тамара, на 18 место, додека словенечките претставници се на 22 место.

Секако, ова е само забава за обложувачите, зашто финалните резултати често знаат да бидат поразлични.

Вечерва, на финалната вечер Тамара ќе настапи осма и ќе ја гледаат 200 милиони гледачи од цел свет.