На Бредли Купер му требаа пет часа да се трансформира во Бернштајн- откриен процесот на шминкање
Лос Анџелес- Aктерот Бредли Купер посветено се подготвуваше за улогата во филмот на Нетфликс „Маестро“, а за да повеќе наликува на американскиот композитор Леонард Бернштајн, славниот актер помина и до пет часа со шминкери. Самиот процес на шминкање започна во еден по полноќ.

„Купер сакаше шминката да биде направена пред сите останати да пристигнат, за да биде целосно подготвен да го игра Леонардо кога ќе дојде остатокот од екипата“, откри Казу Хиро, шминкер кој работеше на филмот. За да го отелотвори Бернштајн, актерот морал да носи протеза на лицето, како и „дебел костум“. Исто така, Хиро откри дека поминал цели два часа со шминкери за да изгледа помладо – затоа што прво го глумел младиот Бернштајн.
„Како што старееше, моравме да додадеме други елементи и целиот процес на трансформација траеше подолго“, откри Казу Хиро.

Покрај главната улога, Купер е и продуцент и режисер на филмот, а во реализацијата на проектот му помогнале големи филмски имиња како Мартин Скорсезе и Стивен Спилберг. Во текот на изминатите неколку години, Купер тесно соработуваше со децата на Бернштајн за да го оживеат нивниот татко на големото платно. Сопругата на Бернштајн ја игра талентираната Кери Малиган, а во филмот им се придружува Маја Хок во улогата на нивната ќерка Џејми и Сем Ниволо во улогата на Александар Бернштајн.

Заплетот на филмот ја следи кариерата, секојдневието и комплицираната љубовна приказна што го запечати животот на познатиот композитор. Приказната опфаќа 32 години, од првата средба со неговата идна сопруга Фелисија, преку нивниот брак и трите деца, па сè до нејзината смрт по борбата со ракот на белите дробови во 1978 година. Две години по неа Леонард почина, а потоа беше објавено нејзиното писмо кое го потврди она што отсекогаш се сомневаше – дека Бернштајн всушност бил хомосексуалец и дека всушност се обидел да ја прикрие својата сексуална ориентација со брак. Самата причина за прикривање на неговата сексуалност беше неговата кариера во која освои седум Еми, два Тони и 16 Греми, вклучувајќи и животно дело.
На венецијанската Мостра филмот доби седумминутни овации, а многумина предвидуваат дека филмот ќе го добие престижниот Оскар. Филмот пристигнува во кината на 22 ноември, а ќе биде достапен на Нетфликс од 20 декември.