На автопат кај Загреб експлодира цистерна


Денеска, околу 14.50 часот на автопатот А4 кај Загреб, недалеку од Света Хелена, одекна гласна експлозија.

Според полицијата во Загреб се судриле автомобил и цистерна, по што цистерната експлодирала.

Пожарникарите се на лице место и гасат. Засега нема податоци за повредени.

Експлозијата се слушнала на неколку километри оддалеченост.

Прекинат е сообраќајот на таа делница.