На 81 година почина познатиот американски актер Мајкл Лернер
„Јас сум камелеон“, рече тој за својата долга кариера како лик актер во филмовите и телевизијата. Тој беше номиниран за Оскар во споредна машка улога во 1992 година
Лос Анџелес– Познатиот американски актер Мајкл Лернер почина во саботата на 81-годишна возраст, а веста за неговата смрт во неделата на својот Инстаграм профил ја сподели неговата внука Сем Лернер. Причината за смртта се уште не е позната.
“Синоќа изгубивме легенда. Тешко е да се каже со зборови колку брилијантен беше вујко ми Мајкл и колку големо влијание имаше врз мене. Неговите приказни секогаш ме инспирираа и ме тераа да се заљубам во глумата”, напишалa Сем на постот.
Лернер е роден во Њујорк во 1941 година и студирал драма на колеџот Бруклин. Подоцна добил Фулбрајтова стипендија и поминал две години во Лондон пред да биде поканет да се приклучи на Американскиот конзерваториум во Сан Франциско. Го открил агент во Сан Франциско, кој го донел во Лос Анџелес, каде што започнала неговата холивудска кариера.
Со филмски и телевизиски настапи кои датираат од 60-тите години, холивудската кариера на Лернер траеше со децении. Неговите најрани улоги во текот на 60-тите и 70-тите вклучуваат појавувања на телевизиски емисии како што се Дорис Деј Шоу, Шоуто на Боб Њухарт и М*А*С*Х.
Бартон Финк му донесе номинација за Оскар
Неговиот прв филм беше Алекс во земјата на чудата, во кој глумеше заедно со Доналд Сатерленд и Елен Бурстин. Лернер продолжи да се појавува во филмови како што се The Ski Bum, The Candidate и Outlaw Blues.
Актерот се појави во повеќе епизоди на Hill Street Bluesa и Melba во средината на 80-тите пред да глуми во Бартон Финк во 1991 година. Неговата изведба како извршен директор на студиото Џек Липник му донесе номинација за Оскар за најдобра споредна машка улога.

Подоцна глумеше во драмата на CBS Courthouse како судијата Мајрон Винклеман и го играше таткото на Шер Хоровиц, Мел Хоровиц една сезона во телевизиската серија „Clueless“ од 1996 година. телевизиски серии како Закон и ред: SVU, The Good Wife и Glee.
Лернер речиси секогаш пушел пура, заштитен знак што некогаш го позајмувал за неколку негови филмски улоги, вклучително и како Пјер Селинџер, прес-секретар на Џон Ф. Кенеди , во филмот „The Missiles of October” од 1974 година, за кубанската ракетна криза. Жаклин Кенеди Оназис подоцна му рекла дека „го надминал Пјер“.