На 61 година почина актерот Андре Браугер, омилениот лик од полициските серии


На 61-годишна возраст почина ТВ актерот Андре Браугер. Неговиот колега ја потврди веста за „Variety“. Браугер почина по кратко боледување.

Тој е најпознат по улогата на Рејмонд Холт во серијата „Brooklyn Nine-Nine“ и во серијата „Homicide: Life on the Street“, каде што го играше детективот Френк Пемблтон. Тој, исто така, освои Еми во 1998 година за неговата улога на Пемблтон. Осум години подоцна ја доби истата награда за улогата во серијата „Thief“.

Роден во Чикаго, Браугер дипломирал на Универзитетот Стенфорд, а потоа го посетувал училиштето Џулиард на одделот за драма. Зад себе ги остави сопругата Ами Брабсон, исто така актерка, и три деца.

Ко-ѕвездата на „Brooklyn Nine-Nine“, Тери Крус, се прости од Браугер на социјалните мрежи. “Не можам да верувам дека си замина толку брзо. Чест ми е што те познавам, се смеев со тебе, работев со тебе и го гледав твојот незаменлив талент 8 години. Ова боли. Прерано не остави. Ме научи толку многу… Ти благодарам за мудроста, советите, добрината и пријателството. Искрено сочувство до сопругата и семејството во ова тешко време. Ми покажа како изгледа добро воден живот“, рече тој.