В понеделник се затвора трезорот, кој зел плата зел, кој не – ќе чека


 

Премиерот Христијан Мицкоски денеска потврди дека во понеделник на 15 декември се затвора трезорот за буџетски плаќања. 

„Многу е важно сите институции навремено да ги достават налозите до трезорот за да може трезорот навремено да ги плати. Ако се доставуваат налозите на 25, 27, 28 … потоа повторно Владата е виновна зошто тоа навремено не е платено. Се разбира, ќе има толеранција но ова беше кажано сѐ со цел институциите одговорно да се однесуваат и да може да се изврши плаќањето до доверителите, она кое Министерството за финансии преку трезорот треба да го направи“, рече Мицкоски.

Мицкоски присуствуваше на поставување камен-темелник на нова училишна спортска сала во населено место Колешино, во Општина Ново Село. 

Сѐ уште не е валидни информации зошто Трезорот се затвора на 15 декември наместо вообичаено на самиот крај на месецот. Неофицијалните информации велат дека причината е немање на доволно средства за плаќања на обврските.