„Мудис“ го зголеми кредитниот рејтинг на Србија
Рејтинг агенцијата „Мудис“ го подобри кредитниот рејтинг на Србија од „Ба3“ во „Ба2“, со стабилна перспектива за натамошно подобрување.
Главните фактори кои придонесоа за подобрување на кредитниот рејтинг се отпорноста на српската економија на последиците предизвикани од пандемијата на корона вирусот, стабилното ниво на среднорочен раст, како и очекувањата дека мерките за фискална консолидација на Владата на Србија ќе продолжи да биде над просекот, соопшти Министерството за финансии на Република Србија, пренесе Банкар.ме.