Му дадоа снајпер в раце на робот – стручњаците ужаснати


„Ги опремивме САД и наштие сојузнички специјални сили со најновите иновации“, објави „Гоуст роботикс“ во твитот со фотографија од четвороножен робот опремен со снајперска пушка.

Пушката под назив SPUR ја произведе компанијата „Сворд интернационал“, која се занимава со производство на оружје, а ја опишува како „автопатски управувана пушка за специјални цели“.

„SPUR е направена да понуди прецизно пукање од автоматизирана платформа како што е роботот Vision-60 кој го произведува „Гоуст роботикс“. Благодарение на своите напредни сензори SPUR може да функционира во разни временски услови, како дење така и ноќе“, се наведува на страниците на „Сворд интернационал“.

Не е познато со кое ниво на автономија располага четвороножниот робот, како и дали е замислено со него да управува човек, пишува порталот „Фуртуризам“.Она што се знае е дека пушката користи куршум со калибар 6,5 мм, кој е развиен за пукање на голема далечина.

Стручњаците се ужаснати

Новинари од порталот „Фуртуризам“ разговарале со стручњаци за вештачка интелигенција, кои се згрозени од така вооружен робот.

„Со ова се поминува моралната, легалната и техничката граница и нѐ води во насока на мрачен и опасен свет“, вели Тоби Волш, професор по вештачка интелигенција од Универзитетот во Сиднеј.

„Такви оружја че користат терористите и државите кои се закануваат на меѓународниот мир“, додава Волш.

Професорот Волш вели дека иако не знае колку четвороножниот робот е автономен, светските војски веќе сега ја замаглуваат линијата на разграничување меѓу смртоносните дронови со кои управуваат луше и оние кои имаат автономни можности за стрелање. „Ова ќе ги замолчи оние кои тврдат дека сме далеку од такви технологии“, вели тој.

Потсети на минатогодишниот инцидент кога ирански научник беше убиен од израелски роботски снајпер кој користи вештачка интелигенција.

„Се надевал само дека ваквиот развој на настаните ќе ги забрза разговорите кои во моментот се водат во ОН за да се регулираат ваквите технологии и ќе ги замолчат оние кои тврдат дека овие технологии се далеку. Не се“, вели Волш.

Стјуарт Расел, компјутерски научник од Универзитетот во баркли, кој опширно пишуваше за смртоносните автономни системи, рече дека на социјалните мрежи забележал многу негативни реакции на воорушениот четвороножен робот.

„Тоа е затоа што нормалните луѓе разбираат дека е лоша идеја да се дозволи на роботите сами да одлучуваат за убивање луѓе. Како што некој напиша, филмот „Терминатор“ беше предупредување, не упатство“, вели Расел.