Можно е пролонгирање на Канскиот филмски фестивал


Франција– По откажувањето во 2020 година, најголемиот филмски фестивал во светот, според неговите организатори, мора да се одржи оваа година. Но, поради пандемијата со Ковид-19, Канскиот филмски фестивал може да биде поместен од мај на крајот на јуни или почетокот на јули, јави дописникот на МИА.

Централната манифестација на престижните меѓународни филмски фестивали, Кан страдаше минатата година од пандемијата, додека нејзините ривали како Берлин или Венеција беа во можност да се одржат, под строги санитарни услови во септември.

Годинава првиот голем фестивал, Берлиналето, веќе се откажа од класичното издание: Фестивалот е одложен за март, а натпреваручката селекција ќе се одржи на интернет поради пандемијата. Проекциите отворени за јавноста ќе бидат организирани во јуни.