Москва воведе локдаун – низ градот одат луѓе во заштитни костими


Руската престолнина Москва денеска вовоеде најстроги мерки на затоврање од јуни 2020 година наваму, додека болниците се соочуваат со растечки бран заразени со короан вирус, а земјата се бори со рекордни бројки починати од последиците од болеста.

Делумното затворање, во кое е допуштено работење само на основните продавници, како аптеки и супермаркети, а училиштата и државните градинки се затворени, доаѓа пред еднонеделното затворање на фирмите во целата земја, што треба да почне од 30 октомври.

Како и Москва, и некои други региони се одлучија да воведат делумни мерки на затворање во четвртокот или порано, пред целосното затворање на ниво на цела земја.

Рекорден број смртни случаи

На жителите на Москва им е дозволено слободно напуштање на своите домови, за разлика од карантинот во летото 2020 година, но новите мерки укажуваат на сѐ поголемата загриженост на властите поради рекордните бројки на смртни случаи, за кои Кремљ ја обвинува ниската стапка на вакцинирани.

Многу Руси одлучија дека сега е идеално време да одлетаат во странство на одмор на плажа, место да останат дома.

Меѓу жителите на Москва, помешани се чувствата во врска со карантинот. Некои жители, како Љубов Махекина, велат дека мислат оти оваа мерка ќе помогне во успорување на ширењето на заразата.

Други како Михајло, московчанец кој не го навел своето презиме, изразија сомнеќ дека ќе се постигне вистинската цел без вакцинирање на населението или друг имунитет.

„Според меен, тоа ништо нема да промени. Можеби малку ќе го забави (ширењето на заразата), но всушност, без имунитет на стадо – тоа е глупост.Не верувам дека ќе успее“, вели Михајло.

Во Москва повторно можат да се видат сцени од луѓе во заштитна облека кои ги дезинфицираат улиците.