Морничави сцени од бомбардирањата на Русија во Чирнихив и околината на Киев (ВИДЕО)
На локалните медиуми во Украина е објавено морничаво видео за последиците од руските воени напади врз станбен комплекс во Чернихив, додека ја спроведуваат опсадата на клучните украински градови, Мариупол и Харков. На видеото се гледа погодено дете и осакатени луѓе пропратено со ужасни врисоци во заднина. Во нападите загинаа неофицијално 47 луѓе.

Југоисточниот град Мариупол сè уште е под украинска контрола, но е подложен на „интензивни руски удари“, соопшти Министерството за одбрана на Обединетото Кралство во последното известување за Украина.
„Мариупол останува под украинска контрола, но најверојатно е опколен од руските сили“, соопшти Министерството, додавајќи дека „цивилната инфраструктура на градот е подложена на интензивни руски напади“.
Властите во Мариупол во четвртокот предупредија на „критична“ ситуација за жителите поради силно гранатирање. Не е јасно колкумина од стратешки важниот пристанишен град, со околу 400.000 жители, успеале да се евакуираат.
Второто и третото видео покажуваат сцени од околина на Киев што се на удар кои веќе личат како тие на крајот на Втората светска војна.
It is very GRAPHIC and heart wrenching. This is what @mfa_russia @KremlinRussia_E does. This is how they conduct war pic.twitter.com/zrbwwoOOKN
— Olga Lautman 🇺🇦 (@OlgaNYC1211) March 4, 2022
Russia’s liberation pic.twitter.com/7rlsAKXmr6
— Luke Coffey (@LukeDCoffey) March 3, 2022
Irpin, near Kyiv. No words pic.twitter.com/z0Sq05D3Y3
— Ragıp Soylu (@ragipsoylu) March 3, 2022