Морето кај Волос целосно исчистено од мртвите риби
Над 270 тони мртви риби биле собрани и отстранети од морето во околината на грчкиот град Волос, а заливот Пагаситикос веќе е целосно исчистен
Како што објавија грчките медиуми, периферијата Тесалија е во завршна фаза на справување со еколошката криза предизвикана од огромниот број угинати риби, морето е 100 проценти исчистено, но сепак, останува во сила забраната за капење сè додека не бидат финализирани лабораториските истражувања.
Илјадници слатководни риби од езерото Карла се излеаја во заливот Пагаситикос кои по контактот со морската вода, веднаш умираат и создадоа огромни проблеми и еколошка катастрофа.
За случајот обвинителката на Врховниот суд на Грција минатата седмица нареди итна прелиминарна истрага со цел да се истражи, меѓу другото, дали и од која причина била отворена браната што води до тунелот, кој е единствениот излез за водите од целата рамнина во регионот на Лариса и езерото Карла до заливот Пагаситикос.
Паралелно, крајбрежната служба од Волос во понеделникот донесе одлука да се забрани капењето на голем дел од плажите што се наоѓаат источно и западно од поширокиот регион на грчкиот град Волос.