Моника Црнокрак со титула на Мис Европа во Бејрут
Моника Црнокрак, постарата ќерка на Мики и Светлана Црнокрак, се закити со титулата 5-та придружничка на изборот за Мис Европа, кој минатиот викенд се одржа во во елитниот Event Centar “Quora” во Бејрут, Либан.

Македонија имаше уште една претставничка, 18 годишната Нела Јосифовска, која исто така освои титула, Miss Best Face или најубаво лице на Европа за 2026та година. За мис Европа е избрана претставничката на Русија.

Националниот фустан во кој се претстави Моника Црнокрак беше изработен специјално за овој настан од нашата модна креаторка Наташа Карчева.

Ова е втора титула на Моника на овој избор, откако ја претставуваше Македонија и во 2023-та на истиот, а тогаш ја освои титулата Мис фотогеничност.

Модното студио Црнокрак со години наназад ја има лиценцата за учество на овој избор и секоја година се грижи за девојките кои ја претставуваат земјава на реномираниот избор.

