Моника Црнокрак од избори на убавина на ТВ – ќе дебитира во „Голден карпет“
Моника Црнокрак, ќерката на Мики и Светлана Црнокрак по изборите на убавина ќе заплива и во телевизиските води. Ќе се приклучи на водителскиот тим во четвртатта сезона на „Голден карпет“, една од најгледаните забавни емисии на Канал 5, на 5 ноември, недела, во 19, 30 часот. Како и до сега Миро Кацаров е домаќин, а и инфлуенсерката Ивана Јанковска останува во тимот. Комичарот и актер Бојан Велевски исто така го засилува тимот со своја рубрика која ќе ја има секоја недела во 19 и 30.

Изминативе години во „Голден карпет“ ги гледавме најпопуларните музичари, највлијателни доктори, најуспешните актери, најтрофејните спортисти и најеминентните политичари од Македонија и регионот.

Моника (24), годинава, во март, во Бејрут, Либан на изборот за Мис на Европа ја освои титулата Мис Фотогеничност (Miss Photogenic), во конкуренција на 35 девојки од исто толку европски држави. Висока 180 см, фотогенична како мајка ѝ, заврши Економски факултет во Скопје и е вработена во приватна фирма. Посветена е на одбојката и на фитнесот.