„Момците во бродот“: Џорџ Клуни режира нова спортска драма
Лос Анџелес– МГМ дава поглед на новиот филм Тhe Boys in the Boat.
Студиото сподели први фотографии од филмот.
Тhe Boys in the Boat е заснована на книгата на Даниел Џејмс Браун, која раскажува како веслачкиот тим на Универзитетот во Вашингтон се натпреварувал во осумка за мажи на Летните олимписки игри во Берлин во 1936 година.
Филмот е на сценариото на Марк Л. Смит, а режисер е Џорџ Клуни. Глумат Калум Тарнер, Џоел Еџертон, Џек Мулхерн, Сем Страјк, Питер Гинис и Алек Њуман.
„Оваа инспиративна вистинска приказна следи група аутсајдери во екот на Големата депресија додека се ставени во центарот на вниманието и се соочуваат со елитните ривали од целиот свет“, се вели во официјалниот синопсис.
Во филмот, Клуни споделува како The Boys in the Boat е за „силни деца“ кои ги надминуваат неволјите.
„Тие веслаат бидејќи тоа е единствениот начин да останат на факултет“, вели актерот. „Влогот беше многу поголем за нив и тоа им даде предност“.
Филмот ќе биде во кината од 25 декември и е првиот проект на Клуни како режисер по филмот „Тендер бар“ од 2021 година.

