Момче (3) случајно со пиштол убил бебе во САД


Огромна трагедија се случи во понеделникот во САД кога тригодишно дете уби 10-месечно бебе откако пукаше од наполнет пиштол.

„Бебето беше застрелано и убиено од мало дете кое зеде наполнет пиштол додека беа во паркиран автомобил и го повлече чкрапалото“, соопшти полицијата, пренесе ABC.

Пукањето се случило на паркинг во близина на медицински центар во Сан Антонио, Тексас.

Момчето е брат на бебето
Началникот на полицијата на Сан Антонио, Вилијам Мекманус изјави дека во возилото имало жена и три деца. Деца на возраст од 3 и 2 години и 10-месечно бебе биле во задниот дел на возилото, рече тој.

„Едно од постарите деца се фати за наполнет пиштол што беше во задниот дел од возилото и случајно го повлече чкрапалото. Најмалото дете беше застрелано. Ова е страшна трагедија“, рече Мекманус.

Детали за случајот не се објавени. Во тек е полициска истрага.