„Моливерзум“ – модата, литературата и технологијата се споија на изложбата на студентите од Институтот за дизајн и инженеринг на облека


Фото: Б. Грданоски

Читајќи ги Тартиф, Мизантроп или Дон Жуан,  како денес би изгледале ликовите од големиот француски писател Молиер, во годината кога се одбележуваат јубилејни 400 години од неговото раѓање?

Фото: Б. Грданоски

Со користење на модерната технологија, а со тоа на еден оригинален начин, синоќа, студенти од  Технолошко-металуршки факултет – Институт за дизајн и инженеринг на облека во Скопје, под менторство на професорките Лидија Георгиева, Ирина Бабамова и Снежана Петрова, на изложба во НУБ „Св. Климент Охридски“ презентираа модни дизајни, инспирирани од комедиите во стихови на Молиер кои се класика во светската литература.  

Фото: Б. Грданоски

Секој уникатен модел на студентите кои ја величат естетиката или француската историја, е придружуван со пасус од творештвото на Молиер по избор на студенти  од Катедрата за романски јазици и книжевности при Филолошиот факултет „Блаже Конески“ на УКИМ во Скопје, во соработка со Францускиот институт во Скопје.

Фото: Б. Грданоски

Бројните гости од модниот и дипломатскиот свет синоќа уживаа во креативноста на студентите по дизајн.

Фото: Б. Грданоски

Изложбата на дизајни насловена како  „МОЛИВЕРЗУМ/MOLIVERS“ е остварување на првата фаза од еден амбициозен и обемен проект, чијшто добитник и носител е Технолошко-металуршкиот факултет при УКИМ, по објавениот интерен конкурс за распределба на средства за културни, спортски активности и други манифестации на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“во Скопје, за оваа година.

Фото: Б. Грданоски

Втората фаза вклучува наградно патување на студентите и нивна изложба/инсталација во Париз.

Фото: Б. Грданоски

Третата фаза ќе биде презентација и декорирање на излогот на Францускиот институт во Скопје.

Фото: Б. Грданоски

Во рамките на настанот, од фондот на НУБ беа изложени и две витрини со избор од творештвото на Молиер. (Л.С.)

Фото: Б. Грданоски
Фото; Б. Грданоски