Молдавија: Најавена оставка на Владата
Демократската партија на Молдавија на премиерот Павел Филип соопшти денеска дека се повлекува од власт и ја распушта Владата, со цел да се реши политичката криза во земјата.
– Оставката на владата на Павел Филип е единствено можно и легитимно решение да се спречи политичката криза, изјави заменик лидерот на партијата Владимир Чеботари во телевизиско обраќање.
По изборите во февруари се создаде безизлезна позиција, а владата на Филип продолжи да работи во технички мандат.