Мојсоска: Латас на слобода, палатата назад на ВМРО, ама младите си одат заради Мециновиќ!
Пратеничката Јована Мојсоска реагираше на серијалот ослободителни пресуди за најголемите криминали во Македонија, од застарувањето на „Талир 2“ до случајот со злоупотребите на Драган Павловиќ Латас.
„Мицкоски го пофали правосудството и изјави дека конечно правдата е задоволена со ослободителната пресуда за ,,Талир 2″.
Ленче Ристоска по пресудата: – „Талир 2“ ми беше одземен за да се спаси имотот на ВМРО-ДПМНЕ (чудовиштето од Бела Палата на најбогатата партија во Европа нема да се конфискува).
Екс претседателката на ДКСК – Татјана Димитровска доби казна една година затвор, ама условно.
ЗАСТАРЕ ПРЕДМЕТОТ ПРОТИВ ЛАТАС ЗА ДАНОЧНО ЗАТАЈУВАЊЕ: Обвинителството се откажало од обвинителниот акт за „Тотал“.
СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Центар здружно изгласаа да се градат хациенди на Водно за кои ќе се сече шума.
Незаконски унапредениот чувар во Македонска навигација е брат на гувернерот Трајко Славески.
Груби веќе никој не го спомнува.
Сма младите си заминуваат од Македонија заради Амар Мециновиќ“, прокоментира иронично Мојсоска.