„Мои работнички права“, нова дигитална алатка на ССМ


Фото: Б. Грданоски

Сојузот на синдикатите на Македонија денеска ја организира завршната конференција за користење на новите дигитални алатки на Синдикатот преку процесот на дигитализација на синдикализмот во насока на тоа да се спречи кршењето на работничките и социјалните права на работниците преку новата дигитална алатка „ССМ – мои работнички права“ и нејзината надградба со нови можности на која ќе бидат презентирани резултатите од спроведените активности. 
 
Како што информираат од Синдикатот, на завршната конференција свое обраќање ќе имаат претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов и директорката на Државниот инспекторат за труд, Весна Томовска.