МНР испраќа економски советници во странство за да ја зајакне економската дипломатија


Министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната прес-конференција најави дека РСМ испраќа економски советници во странство, кои ќе дејствуваат во рамките на нашите дипломатско-конзуларни претставништа и ќе бидат надлежни за доследно, професионално и ефективно претставување на нашите економски интереси во земјата и регионот, како и на покривање и постепено градење на нов препознатлив бренд во очите на меѓународната јавност, пред се на бизнис заедницата.

– Новиот концепт на економска дипломатија ќе биде базиран врз издржана, јасна и прецизна стратегија за економските односи со странство. Извозните потенцијали, расположливата работна сила, капацитети, земјиште и и останати расурси за странски инвестиции. На основа на овие импути ќе се дефинирааат содржинските и географските цели на економската дипломатија. Економски профилирани кадри, економски советници ќе се упатуваат во оние земји каде што има реален потенцијал за зголемување на економската соработка. Земји со најголем потенцијал за инвестирање земји кои се географски блиски или имаат изразено економско-географски интерес, земји со потенцијал за туристи и така натаму, нагласи Османи.

Тој наведе дека за поголема успешност на проектот планираат во прва фаза, во текот на 2021 година врз основа на експертска анализа да бидат таргетирани неколку европски и неколку воневропски земји со најголем потенцијал за соработка.

– Економските советници ќе бидат избрани од редот на високи стручни дипломати од Министерството за надворешни работи, експерти од јавната администрација со економско портофио и по потреба експерти од приватниот и јавниот сектор. Сите тие без исклучок ќе поминат обемна оперативна и стручна теоретска обука за особеностите и карактеристиките на нашата економија, спецификите на нашиот пазар, капацитетите на нашето стопанство и можностите на туристичкиот сектор, истакна Османи.

Министерот за надворешни работи потенцираше дека неговите амбиции во следните четири години се дипломатијата да добие една дополнителна компонента, една нова економска карактеристика, која ќе биде, како што рече, попрактична, повидлива, поисплатлива улога…

– Се работи за економската дипломатија, важен дел од надворешната политика на земјата, која сметаме дека треба да биде обновена, да биде засилена и да биде издгината како еден од клучните приоритети на државата, истакна Османи.