ММФ и Светска банка предупредуваат: И умерен удар може да го турне светот во рецесија

Пазарите на капитал, меѓу другото, се тешко погодени од забавувањето на растот на глобалната економија, предупредија Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка


 

За октомври ММФ најави ново намалување на проценките за растот на глобалната економија, откако веќе во јули ја намали проценката на 3,2 отсто оваа година, а следната на 2,9 отсто.

„Некои земји ќе паднат во рецесија следната година, но се уште е рано да се каже дали ќе има глобална рецесија“, велат од ММФ.

Од Светска банка, пак, порачаа дека глобалната економија можеби оди кон рецесија, имајќи предвид дека централните банки во светот истовремено ги зголемуваат каматните стапки поради високата инфлација.

„Трите најголеми светски економии – САД, Кина и еврозоната – бележат нагло забавување на растот. Дури и умерен удар може да ја турне светската економија во рецесија“, велат од Светска банка.

Нејзиниот главен економист, исто така, рече дека е загрижен поради можноста за стагфлација – период на бавен економски раст и висока инфлација.

Затоа инвеститорите не беа охрабрени ниту од подобри од очекуваните податоци за индустриското производство, потрошувачката и инвестициите во Кина.