Млад маж најден починат во стан во Аеродром


Фото: Б. Грданоски

Во понеделникот, во 18.38 часот во СВР Скопје било пријавено дека во стан на бул. „АВНОЈ“ во Скопје пронајден е починат Н.Ѓ.(38).

Од лекар од Итна медицинска помош констатирана е смрт без траги на насилство. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Аеродром. По наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција.