Мистериозната болест повторно во Белата куќа, се истражува нов случај
Белата куќа се уште ги истражува случаите на мистериозна болест откако кон крајот на минатата година двајца службеници во Вашингтон доживеаја ненадејни симптоми слични на синдромот Хавана.
Еден случај се случи во близина на големиот овален тревник на јужната страна на Белата куќа кога на еден функционер ненадејно му се слоши. Имаше главоболка и несоница, што спаѓа во благи симптоми и тоа му исчезна по една недела.
Друг функционер имаше напад во близина на влезот на Белата куќа, потврдија за Си-ен-ен два извора. Но, имаше и сериозни сипмтоми поради кои му требаше лекарска помош.
Случаите на мистериозната болест предизвикуваат голема загриженост
Разузнавачките кругови уште не се сигурни кој или што ги предизвикува низата симптоми на нервниот систем и може ли тие да се наречат напади.
Си-ен-ен доби потврда од повеќе извори дека болеста е дијагностицирана кај двајца припадници на Советот за национална безбедност во ноември 2020 година – еден ден по претседателските избори и еден неколку недели подоцна.
Инаку, Хавана синдромот не е непознаница во американсите разузнавачки извештаи и дипломатски кругови. Од него досега заболеа повеќе од 100 дипломати, шпиони и војници ширум светот.
Но, случаите предизвикуваат голема загриженост, а приказната на Си-ен-ен се темели на интервјуа со повеќе од десет сегашни и поранешни функционери кои знаеле за напорите на САД да одговори на овие мистериозни случувања.
Како жртвите ги опишуваат симптомите?
Пет години истражувачите се трудат да ги објаснат необичните искуства за кои јавуваа американски дипломати и други владини функционери на Куба, во Русија, Кина и во други земји.
Жртвите на синдромот Хавана имаат ненадејна вртоглавица, главоболка и притисок во главата понекогаш пропратен со шум во ушите. Некои велат дека на симптомите им избегале такашто се преместиле во друга просторија па се вратиле на почетната позиција. Бројот на случаи на светско ниво расте. Њујорк тајмс пишува за повеќе од 130 случаи низ целиот свет во изминатите пет години.
Си-ен-ен пишува дека забележани се случаи и во Европа и дека најмалку една таква епизода се случила надвор од САД во последните две недели.
САД понуди официјално објаснување на синдромот Хавана, иако дефинитивно САД во декември лани прв пат понуди објаснување за мистериозните симптоми кои ги имале американските дипломати во амбасадата во ханава, поради што и синдромот е наречен така.
Симптомите одговараат на влијанието на енергија насочена со пулсирачка радиска фреквенција, беше објавено тогаш во извештајот на Националната академија за наука и инженерство.
Долго време синдромот Хавана беше предмет на интензивни шпекулации поради природата на симптомите и локажцијата на амбасадите како Куба и Кина и молкот на американската влада. Но, извештајот од декември лани беше првото официјално објаснување од Вашингтон за мистериозната болест, иако не и дефинитивно.
Освен што извештајот спомна насочена радиска фреквенција, ја остави отворена и можноста за повеќе поврзани фактори, како психолошки и социјални.