Мистеријата со двата непробојни куфери на Путин во Пекинг: Кодирани и непробојни, а нивната содржина е шокантна

Рускиот претседател Владимир Путин учествуваше на голема воена парада во Пекинг за да се одбележи победата на Кина над Јапонија во Втората светска војна. Агентите што патуваа со Путин се појавија со куфери што можат да се користат како штитови и се дизајнирани да го заштитат рускиот лидер од потенцијално убиство. Исто така, постојат специјални уреди за блокирање за да се спречи детонирање на бомби од далечина. Сите тие, се разбира, се кодирани…
И овој пат околу Путин, имаше луѓе со непробојни куфери.
Едниот е наменет за урината и столицата на Путин. Без шега, истиот куфер го придружуваше Путин до Алјаска кога се сретна со Доналд Трамп. „Индипендент“ напиша дека овој куфер првпат се појавил во 2017 година кога Путин беше во Франција.
Куферот се користи за собирање на изметот на Путин, за да не можат странските сили да добијат примероци од неговите телесни секрети што би можеле да ја откријат неговата здравствена состојба и други разузнавачки информации. Затоа, телохранителите на Путин внимателно ги собираат неговите измет и урина и ги враќаат во Русија.
Вториот е нуклеарен куфер, „ковчегот на судниот ден“, кој ги содржи контролите на стратешките нуклеарни сили на Русија.
Внатре во куферот има бело копче кое може да се користи од каде било во светот за да се испрати команда за лансирање нуклеарно оружје кое е во состојба на готовност од почетокот на руската инвазија на Украина. Овој куфер се нарекува и „Чегет“.
Само едно притискање на копчето е доволно за Генералштабот во Москва да добие сигнал и да започне нуклеарен напад. И двата куфери се непробојни и можат да се користат како штит.