Мис Чиле на Мис Универзум се извини по „смешното“ видео со бел прав


Ина Мол, се најде во средината на медиумски скандал поради видео на TikTok кое, наместо дополнителна промоција, ѝ донесе лавина од критики.

Чилеанската манекенка и пејачка, која ја претставува својата земја на изборот за убавина „Мис Универзум 2025“ во Тајланд, стана вирална со учеството во популарниот тренд Addicted to You, но не на начинот на кој очекуваше.

Во контроверзното видео, кое подоцна беше избришано од нејзиниот официјален профил, Ина е снимена како вдишува бел прав.

Подоцна објасни дека станува збор за безопасна шега смислена со тим шминкери.

 

 

Сепак, многумина го поврзаа видеото со дрога, а не со пудра, и ја прогласија за целосно несоодветна за натпреварувачка на Мис Универзум, а некои коментатори дури побараа и нејзина дисквалификација.

Под зголемен притисок, Ина Мол се огласи на Инстаграм за да разјасни што навистина се случило и да им се извини на сите што можеби биле повредени или налутени од видеото.

„Сакам да им се извинам на сите што се чувствувале навредени“, рече таа.

„Шминкерот предложи да го снимаме, а можеби поради јазичната бариера, не разбрав целосно што се случува. На почетокот реков не, но тој инсистираше и на крајот се согласив. Требаше цврсто да стојам на тоа „не““, рекла таа.

Пред финалето на 21 ноември, изборот мис Универзум го следат разни контраверзи.

Мис Универзум ќе го казни „злонамерниот“ директор кој ја нарече мексиканската учесничка „глупава“

Во Србија хаос поради кандидатката за Мис Универзум, ja претставува Монголка

Мис Германија Дајана Фаст се повлече од изборот за Мис Универзум

 

Погледот на Мис Израел кон Мис Палестина го подели Интернетот (видео)