Министерот за надворешни работи на Литванија стигна во Киев
Габрелиус Ландсбергис, министер за надворешни работи на Литванија, денеска стигна во ненајавена посета на Киев. Тој во опсадениот главен град на Украина ќе биде еден ден на разговори со претставниците на украинската влада.
Во Киев исто така е веќе и првиот еврокомесар кој дошол во Украина од почетокот на руската инвазија – Виргиниус Синкевичиус. Еврокомесарот од Литванија е надлежен за животна околина, океани и риболов.
Денеска, исто така, во ненајавена посета кон Киев со воз тргнаа и тројца европски премиери – Матеуш моравјецки од Полска, Јанез Јанше од Словенија и Петр Фијала од Чешка. Според објавата на Моравјецки таа посета била договарана со челниците на ЕУ, Шарл Мишел и Урсула фон дер Лајен. изненадување е што со Моравјецки патува и неспорниот владетел на Полска, Јарослав Качињски.