Министерот Весиќ, кој даде оставка по несреќата во Нови Сад, пренесен во болница
Поранешниот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија, Горан Весиќ, утрово со возило на брза помош од притворот во Нови Сад бил пренесен во болницата во Сремска Каменица.
Како што е познато од српските медиуми, поради ненадејното влошување на неговата здравствена состојба, по шестдневен штрајк со глад и одбивање на лекарска помош, управата на Окружниот затвор во Нови Сад го известила Вишиот суд дека е неопходно тој да биде префрлен во болница.
Управникот на Окружниот затвор во Нови Сад, Миле Јандриќ, за Танјуг изјави дека Весиќ по специјалистички преглед е задржан на одделението за коронарна интензивна нега, со одобрение на судијата за претходна постапка.
Да потсетиме, Весиќ беше уапсен и приведен во Нови Сад поради падот на настрешницата на железничката станица во тој град на 1 ноември, при што загинаа 15 лица, а двајца беа тешко повредени.