Министер за здравство може да почекаме до 12 јуни


По оставката на Арбен таравари, министерството за здравство е без нов шеф, односно, покрај предлогот Азар Алиу од ВЛЕН, да седне на министерската фотелја, предлогот уште не е поминат на Собрание. 

Премирот Христијан Мицкоски се надева дека министерот за здравство ќе биде побрзо избран и можеби нема да се чека до 12 јуни, за кога Собранието има закажано седница, но засега тоа е неизвесно.

– Во петокот е доставена апликацијата за нов министер за здравство до Собранието. За жал, денеска е таков ден, па не можеше веднаш да се стави на дневен ред. Се обидуваме некако пред 12 ти кога е закажана следната седница, ако успееме… два термина се дадени како термини, 5-ти и 9-ти јуни мислам, како опција стојат. Но, да видиме дали ќе успее парламентот да се организира тогаш да закажеме седница, ако не на 12-ти ќе бидат дел од дневниот ред и министерот за здравство и замениците – рече денеска Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата во Владата.

Министерството за здравство е без министер повеќе од две недели.